(Видео) Јордан Митев бара жена

Фолк-пејачот Јордан Митев ја објави новата песна „Жена за 100 години“.  Како и претходно, Митев е автор и на оваа песна, за која најави и спот.

Јордан Митев 15 години е на македонската фолк-сцена, а за годинава најавува голем концерт. Освен најавата за јубилејните концерти, тој годинава Јордан планира да го заврши и студискиот албум.

„Планирам уште четири нови песни за да го комплетирам албумот. Носечка песна ќе биде ‘Наздрави за љубов, наздрави за среќа’, песна која е омилена на многу генерации“, вели Митев.

Текстот (Видео) Јордан Митев бара жена е превземен од Reporter.mk.