Младата српска водителка Деа Ѓурѓевиќ е тешко повредена и нејзината рака била откината во тешката сообраќајна несреќа што се случила рано утрово околу шест часот близу белградската болница „Д-р Драгиша Мишовиќ“.
Водителката, според најновите информации, веднаш е пренесена во болница каде што лекарите се борат за спасување на нејзината рака. Додека репортерката говореше за сообраќајната несреќа, водителката Јована Јоксимовиќ се расплака во студиото. Инаку, претходно на новинарско прашање дали таа прави сообраќајни прекршоци со оглед дека нејзиниот свршеник е репортер за црна хроника, таа рекла:
„Не смеам да кажам, Младен ќе ме убие. Секому му се случува, не можеш педалот цело време да го држиш под контрола“.
Текстот (Видео) Јована Јоксимовиќ се расплака среде емисија откако дозна дека нејзината колешка остана утрово без рака е превземен од Reporter.mk.