Даниел Кајмакоски се натпреварува во новата сезона на регионалното шоу „Твоето лице звучи познато – ѕвезди“. Тој во првата епизода доби задача да го имитира глумецот Хју Џекман и неговата улога во мјузиклот „Големиот шоумен“, а ја пееше насловната песна од филмот, The Greatest showmen. По настапот, на кој го придружуваа голем број танчери и музичари, Даниел доби пофалби од жирито и коментари дека одлично да се снајде во оваа улога.
„Даниел е секогаш фантастичен пејач, вечерва добро играше. Слушнав дека си бил фантастичен и во сезоната во која победи. Многу ми се допаѓа се што правиш и верувам дека допрва ќе доминираш во ова шоу,“ му рече Гоца Тржан по настапот.
Даниел во следната емисија ќе има задача да ја имитира Тејлор Свифт.
За потсетување, тој победи во третата сезона на шоуто, кое се прикажуваше во 2016 година.
Настапот на Даниел може да го погледнете тука.
Текстот (Видео) Кајмакоски како Хју Џекман го воодушеви жирито во ТЛЗП е превземен од Reporter.mk.