(Видео) Кали влезе во третиот круг, жирито во „Гласот на Бугарија“ ја сака македонската пејачка

Македонската пејачка Клина Велковска – Кали, повторно го воодушеви жирито во музичкото шоу „Гласот на Бугарија“ и се пласираше во третиот круг. Таа пееше во делот наречен „вокални двобои“ и се натпреваруваше против бугарската пејачка Пламена.

Двете девојки заедно ја пееја песната Ex’s & Oh’s од Ели Кинг, а нивниот ментор, Иван Лечов, реши да ја задржи Калина во својот тим.

За потсетување, Калина во првиот круг на популарното шоу ја испеа песната This World и тогаш сите членови на жирито сакаа да ја земат во нивниот тим. Но, Кали се реши ментор да ѝ биде Лечов. Во интервју за „Репортер“ таа потоа рече дека го избрала Лечов бидејќи е еден од ретките балкански музичари што освоиле Греми во кариерата. Таа во интервјуто откри и дека сега вежба песни со бендот од шоуто и дека натпреварувачите веќе не ги бираат песнит есами, туку дека тоа го прават нивните ментори.

(Видео) По настапот во „Гласот на Бугарија“, Кали ги скара музичарите: Македонската пејачка за која сите зборуваат

Текстот (Видео) Кали влезе во третиот круг, жирито во „Гласот на Бугарија“ ја сака македонската пејачка е превземен од Reporter.mk.