Калиопи ѝ правеше друштво на српската пејачка Милица Тодоровиќ за време на свадбената прослава на поранешната „Ѕвезда на Гранд“, пејачот Стеван Анѓелковиќ. Македонската поп-пејачка објави и видео од свадбата.
Милица бше кума на младоженеците и со стилот на облекувањето го сврте вниманието кон себе, па дури и ја засени Калиопи, коментираат на социјалните мрежи, откако беше пуштено видеото. Милица на венчавката во црква дојде облечена во сребрен фустан со гол грб и висок шлиц. Калиопи, пак, беше облечена во црн долг фустан, со едноставен крој.
Некогашната ѕвезда на „Гранд“, Стеван Анѓелковиќ, вчера се ожени со долгогодишна девојка Наташа.
Стеван и Наташа живеа заедно подолго време, а вчера се венчаа во црквата „Св. Димитриј“ во Белград.
Текстот (Видео) Калиопи се изгуби покрај Милица Тодоровиќ е превземен од Reporter.mk.