Американскиот рапер Кање Вест за време на својот настап на еден од најголемите фестивали на светот Коачела, паднал на колена и почнал да плаче пред илјадници луѓе публика.
Пејачот додека го пееше неговиот најнов хит Water, ја изненади публиката со својот потег на сцената кој беше снимен од стотина камери во пренос во живо.
Неговиот настап за кратко врме станал вирален хит на социјалните мрежи. Бројни обожаватели го споредиле раперот со популарните „телетабиси“, но имало и такви кои ваквиот потег го сметале за целосен дебакл.
YE #SundayService #Coachella pic.twitter.com/YxE9m5CJUD
— Def Jam Recordings (@defjam) April 21, 2019
„Ова сигурно Ким му кажала да го направи, затоа што толку се желни за внимание“, „Подготвени се да направат сè само за да се пишува за нив“, „Плаче, а солзите не течат“, се само дел од коментарите под видео снимката.
Коачела фестивалот за прв пат се одржа во Калифорнија во 1999 година, а оваа година траеше од 12 до 21 април. Фестивалот се одржа во пустина, на температури до 40 степени целзиусови, а голем дел од гостите излегоа со интересни модни комбинации.
Текстот (Видео) Кање Вест плаче на колена на фестивалот Коачела е превземен од Reporter.mk.