Откако неколкупати се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“, пејачот Адам Лабунски годинава пее во новата сезона на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Со Адам на аудицијата беше и неговиот татко, фолк-пејачот Ибро Лабунски, кој му е најголема поддршка во кариерата. Тој по настапот на неговиот син рече дека Адам може да е голема ѕвезда, но дека не ги слуша неговите совети и дека не сака да работи на пеењето. На ова доби критики од Јелена Карлеуша, која му рече дека во шоуто не е важен тој, туку за Адам.
„Ако татко ти беше паметен ќе беше голема ѕвезда. Не го слушај татко ти, биди свој и ќе успееш во оваа работа“, му рече Карлеуша на Адам.
Ибро на ова ѝ одговори дека тој е голема ѕвезда во Македонија и дека ако живее во Србија ќе ѝ покажа на Карлеуша како се пее.
Адан во шоуто ги испеа песните „Понос“ од Иван Куртиќ и „Сам сам“ од Џани и доби 4 гласа, од Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Јелена Карелуша и Вики Миљковиќ. Адам на крај ја избра Марија Шерифовиќ за свој ментор.
„Ќе ти покажам дека не знаеш да пееш и ќе те научам да бидеш подобар“ му рече Марија на Адам.
Текстот (Видео) Карлеуша ги скара Адам Лабунски и татко му е превземен од Reporter.mk.