Фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша на социјалните мрежи објави видео на кое во бикини игра пред огледало. Покрај видеото пејачката напиша „Чист фотошоп“, па предизвика различни реакции кај нејзините следбеници на Инстаграм.
Обожавателите ѝ коментираа дека е совршена, убава, дека никому не мора да му докаже дека изгледа одлично иако има 40 години. Други, пак, ја навредија, оставајќи ѝ коментари дека треба да се срами од своето однесување, дека ако го извади ременот ќе ѝ се покаже салото, дека е баба што сака да биде девојка и дека го крие лицето со огромен шешир за да не ѝ се видат брчките.
Видеото популарната пејачка го сними неодамна во Кина. Таа беше во Санја со своите деца за да го посети сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ, кој од оваа година ќе игра за фудбалскиот клуб „Гуангжу“.
Текстот (Видео) Карлеуша во бикини игра пред огледало е превземен од Reporter.mk.