По скоро две години, Каролина Гочева има нова песна. Таа ја промовираше „Обичен необичен ден“ во „Дајте музика“ и откри дека песната е направена специјално за оваа детска музичка емисија. Автор на песната е нејзиниот долгогодишен соработник, Николче Мицевски.
„Многу се радувам што бев дел од најпопуларната емисија за деца ‘Дајте музика’ и фала им на моите слатки другарчиња што ми помогнаа заедно да ја отпееме ‘Обично необичен ден’. И не заборавајте – искрените другарства се многу важни и за цел живот“, напиша, меѓу другото Каролина на „Фејсбук“.
Новата песна на Каролина е прва откако го промовираше албумот „Извор“ во 2018 година.
Текстот (Видео) Каролина промовираше нова песна во „Дајте музика“ е превземен од Reporter.mk.