(Видео) Кеба ѝ пееше на Северина за Божиќ

Хрватската пејачка Северина Којиќ на социјалните мрежи објави видео со нејзиниот свекор Драган Којиќ Кеба со кого го минала Божиќ. На видеото Кеба ја прашал својата снаа да ѝ отсвири некоја музичка желба.

„Дали ти свекоре мој знаеш да ги свириш некои од моите песни“, го прашала Северина, својот свекор Кеба.

„Ги знам сите твои песни, а најдобро знам да ги унаказам“, и одговорил Кеба кој со гирата во раце почнал да ја свири и пее песната на Северина „Јас само пејам“, која пејачката ја изведе пред 20 години.

„Песната „Јас само пејам“ ја напишав и испеав во 1999 година. 20 години откако Кеба стана мој свекор, кој е најдобар на светот“, напишала Северина.

Текстот (Видео) Кеба ѝ пееше на Северина за Божиќ е превземен од Reporter.mk.