(Видео) Кејт Мидлтон ја украси палатата со новогодишни украси

Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон во пресрет на новогодишните и божиќни празници ја украси Кенсингтонската палата. Пред нејзиниот дом, Кејт украси 30 големи дрва со лампи и златни орнаменти.

Во меѓувреме во Бакингемската палата, три божиќни дрва се поставени во просторијата Mable Hall. Просторот е украсен со лампиони, црвени машни и голем број на кралски тематски украси.

Имало круни, кочии и венци со шарени топки. Огромно црвено и златно божиќно дрво е поставено во просторијата Throon room, покрај сликата на Чарлс II. Скалите исто така се накитени со машни, бели венци и осветлени лампи.

Божиќното дрво за кралското семејство има специфично значење. Традицијата ја почнала кралицата Шарлот, сопругата на кралот Џорџ III. Таа го донела првото божиќно дрво во Англија во 1790 година.

Тоа дрво се разликува од ова сегашното, пишува британскиот магазин „Вог“.

 

Текстот (Видео) Кејт Мидлтон ја украси палатата со новогодишни украси е превземен од Reporter.mk.