Во црни бикини со полутанга Кјара Гоља, ќерката на Хелена Роза, го заведува македонскиот пејач Филип Пешевски во неговиот нов спот. Филип видеото за песната „Без оглед на сè“ го промовираше вчера, а Кјара ја има главната женска улога. Музиката и аранжманот ги направи Лазар Цветкоски, а текстот е на неговата сестра Магдалена Цветкоска.
Ова е втора соло песна на Филип, кој претходно ја испеа „Кукло моја несудена“. Пред соло-кариерата, Филип пееше во групата „Арија“.
Текстот (Видео) Ќерката на Хелена Роза во танга заведува македонски пејач е превземен од Reporter.mk.