(Видео) Ковид -19 во „Преспав“: Се снимаше специјална волонтерска епизода

Преспав „КОВИД еден без дваесет” е специјална епизода од ТВ серијата „Преспав” , која се снимаше и наскоро ќе се прикажува на МРТВ.  „ Ја направивме затоа што хуморот и ведрината се добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво.  Епизодата се снимаше три дена, во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО„, вели Пеце Талески, продуцент на „Преспав”.

Целиот тим работеле на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против Ковид -19.

Текстот (Видео) Ковид -19 во „Преспав“: Се снимаше специјална волонтерска епизода е превземен од Reporter.mk.