Кристијан Димовски од Берово е новиот миленик на тинејџерките. 20-годишното момче неодамна ја сними својата прва песна „Една жена“. Иако му е ова прва авторска песна, Кристијан пее одамна. Тој често настапува во кафулињата во Берово.
„Песната ја снимав во студиото ‘Џика мјузик’ во Кочани. Музиката и текстот се на Блаже Буровски, а аранжманот го направи Марјан Стоименов – Џика,“ вели Кристијан.
Слушнете ја „Една жена“ на Кристијан.
Текстот (Видео) Кристијан е новиот миленик на тинејџерките е превземен од Reporter.mk.