Старлетата Сораја Вучелиќ на социјалните мрежи објави видео на кое нејзиниот скап автомобил од брендот „Ламбурџини“, завршил во базен. Сораја морала да ангажира специјални служби за да го извлечат од водата.
View this post on Instagram
Kad sklizne stikla sa kocnice pa lambo zavrsi u bazenu 🤣🤣🤣🤣#ooopss #sorry
„Кога ќе ги лизне штиклата од кочницата, па „Ламбурџинито ќе заврши во базен. Упс, сори“, напишала Сораја на видеото.
Сораја добила голем број коментари во знак на поддршка.
„Па нема врска. На сите ни се случува барем по два пати“, „Важно е штиклата да не си ја скршила“, се шегувале фановите на социјалните мрежи.
Старлетата во моментов е во врска со син на руски милијардер. Тој Сораја ја запросил на 84 кат на еден од најскапите ресторани во Москва.
Текстот (Видео) „Ламбурџинито“ на Сораја заврши во базен е превземен од Reporter.mk.