Македонскиот бенд „Ласт експедишн“ има нова песна по 22 години. Песната Hey Ho ја направи пејачот Енко, а аранжманот е на бендот. Песната е снимена во студиото „Тралала“ на Мите Димовски.
„Новиот сингл на Последната експедиција е вистинско освежување на домашната веќе повеќе години анемична музичка сцена. Модерна, како за новото време, а повторно се работи за оној стар, добар звук каков што некогаш во 90-тите го знаевме. Нешто како враќање… во иднината“, велат од бендот.
„Ласт експедишн“ е еден од најголемите македонски алтернативни рок-состави, формиран 1986 година. Досега имаат снимено три студиски и еден албум снимен во живо.
Текстот (Видео) „Ласт експедишн“ сними песна по 22 години е превземен од Reporter.mk.