Џејн Фонда, легендарна 81. годишна американска актерка беше уапсена во Вашингтон, каде што ги предводеше демонстрациите за зачувување на планетата и решавање на климатската криза. Таа за време на протестот била уапесенаи со лисици однесена во полициско комбе.
И вашингтонската полиција за Е вестите потврди дека 16 лица биле уапсени за време на протестот. Сите се обвинети за мешање редот и законот. Актерката вчера повика на акција на нејзината веб-страница и рече дека е охрабрена од Грета Тунберг, 16-годишна активистка за животна средина.
.@Janefonda is the THIRD arrest here at the US Capitol… The moment it happened…@WUSA9 #ClimateChange #FireDrillFriday #breaking pic.twitter.com/wWoZggYloN
— Mike Valerio (@MikevWUSA) October 11, 2019
„Се преселив во Вашингтон за да бидам поблизу до епицентарот на климатските промени и борбата. Секој петок до јануари, еднаш неделно, ќе органзиарм демонстрација на Капитол Хил и ќе барам политичките лидери да започнат со решавање на проблемите. Не можеме да си дозволиме да чекаме “, напиша Џејн.
Текстот (Видео) Легендарната глумица уапсена на 81.година е превземен од Reporter.mk.