(Видео) Лејди Гага направи нова тетоважа за Денот на вљубените

Пејачката Лејди Гага за Денот на вљубените сè пофали со своите две нови тетоважи, кои ги направила во чест на снимањето на новиот филм „Ѕвездата е родена“ и улогата која таа ја добила во истиот.

Гага која од пред неколку дена добила три престижни Греми награди, вели дека è голем љубител на тетоважите, а сега јавно на сите фанови преку социјалните мрежи им ги покажа новите цртежи на телото.

„Среќен ден на заљубените! Тетоважата во чест на La vie en rose. Мојот р’бетен столб сега целиот è со ружа“, напишала Гага во описот на фотографијата.

Таа оваа песна со која се прославија Едит Пјаф, а потоа и Грејс Џонс, ја испеа во минатогодишниот филм „Ѕвездата е родена“, а за улогата во истиот è номинирана за награда на овогодинешните доделувања на Оскар.

Покрај оваа тетоважа, Лејди Гага има истетовирано и нота. Гага признава дека станувало збор за болен третман кој го издржала благодарение на испиените голем број чашки на текила.

 

View this post on Instagram

 

As a music theory student I’m appalled, as someone having fun with their friends I’m relieved.🎼😂

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Текстот (Видео) Лејди Гага направи нова тетоважа за Денот на вљубените е превземен од Reporter.mk.