Македонската пејачка Ленче Кукиќ повторно воодушеви во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Таа во полуфиналето ја испеа песната „Париски локал“ од Лепа Брена, па ги занеме сите во студиото, и публиката и жирито.
„Ленче, не можам да ти се изнаслушам, колку лесно ја испеа песнава“, ѝ рече Драгана Катиќ.
На ова се надоврза и Тијана Дапчевиќ, која и минатата сезона беше дел од жирито на популарното шоу.
„Не дека си наша, ама растури“, рече пејачката.
Според српските медиуми, Ленче е еден фаворитите за победа во музичкото шоу во кое пред неколку години победи нејзиниот сопруг, Горан Кукиќ.
Текстот (Видео) Ленче Кукиќ го занеме жирито, ќе пее во финалето на „Никогаш не е доцна“ е превземен од Reporter.mk.