Македонската пејачка Ленче Кукиќ и српскиот пејач Драган Којиќ Кеба ја отпејаа песната „Треба времена“ во шоуто „Никогаш не е доцна“, па ги кренаа на нозе и жирито и публиката во студиото. Ленче доби пофалби за своето пеење, жирито ѝ рече дека повторно растури со својот глас.
„Првпат ништо да не ми пpeчи во изведбата на песната што во оригинал ја пејат Ана Бекута и Кеба“ рече Маре, креаторот на шоуто за таленти постари од 45 години.
Пред дуетот со Кеба, Ленче ја испеа песната „Потести ме шта то беше љубав“ од Оливер Драгојевиќ, но верзијата што ја пее Маја Оџаклиевска.
„Ленче секогаш кога ќе те слушнам, секогаш барам збор за да те пофалам,“ ѝ рече Кеба.
Настапот на Ленче погледнете го од 43:40.
Текстот (Видео) Ленче Кукуќ и Кеба го кренаа на нозе жирито во „Никогаш не е доцна“ е превземен од Reporter.mk.