Новата година не започна најдобро за моделката и водителка Криси Тајген (33), сопруга на пејачот Џон Леџенд (40). Првите моменти во 2019 година беа болни за неа, а гледачите имаа можност да го видат тоа во телевизискиот пренос во живо.
Криси беше еден од водителите на новогодишната програма на „Ен-би-си“. Таа се јавуваше во живо од Тајмс Сквер заедно со Лесли Џонс (51) и Карсон Дејли (45). Бидејќи цело време врнеше, Криси киснеше, додека другите водители имаа чадори.
Чадорот е виновен за нејзиниот болен и на многумина смешен почеток на годината. На полноќ Тајген сакаше да ја прегрне својата колешка Лесли, но нејзиниот чадор и застана на пат и таа се заби со главата во него.
„Првиот неуспех оваа година“, ѝ пишуваа тие.
Исто така, обожавателите ја прашуваа дали е добро, а таа одговори дека не е повредена.
Oh no @chrissyteigen I hope you’re ok!!! Happy New Year!!! pic.twitter.com/pp7f2Q0TMh
— ‘murica (@Morecently) January 1, 2019
Текстот (Видео) Лош почеток на годината за Криси Тајген е превземен од Reporter.mk.