Сите македонски претставници во „Ѕвездите на Гранд“ што пееја во полуфиналето, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Филип Пецовски и Дарко Даринос, влегоа во финалето на популарното шоу. Тие предизвикаа воодушевување и кај публиката и кај жирито, па ќе се борат за победа во оваа сезона и договор со продуцентската куќа.
Прв од четворицата македонски кандидати настапи Филип Пецовски. Тој ги испеа „Хајдемо у планине“ и „Африка“. Филип, како и на претходните настапи, повторно ја крена публиката на нозе, а последниот рефрен од првата песна го испеа додека правеше склекови на сцената.
Следни во дуел настапија Дарко Коцевски Даринос и Огнен Здравкоски, но и двајцата поминаа во финале. Даринос ги испеа песните „Загрли ме“ од Адил и „Гељан даде“ oд Шабан Бајрамовиќ, а Огнен сги избра песните „Од милион жена“ од Тони Цетински и „Продужи даље“ од Здравко Чолиќ.
Последниот Македонец што настапи беше Мартинијан Кириловски. Овој пат, тој ги пееше „Остала си увјек иста“ од Мишо Ковач и „Главо луда“ од Здравко Чолиќ.
Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ е закажано за четврток, 20 јуни, и ќе се пренесува во живо.
Текстот (Видео) Македонците растурија во „Гранд“, сите ќе пеат во финалето на шоуто е превземен од Reporter.mk.