Македонскиот пејач Марио Арангеловски ја скара Марија Шерифовиќ со останатите членови на жирито во „Гранд“. Марио, чиј ментор е Јелена Карлеуша, пееше во првата емисија од вториот круг и ги испеа „Једина“ од Тоше Проески и „Кремен“ од Дино Мерлин. Тој имаше одличен сценски настап, и во еден момент отиде на местото каде што седеше Карлеуша и почнаа да игра пред неа, но потфрли во пеењето. И порај ова, доби четири гласа од жирито – од Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Ана Бекута и Драган Стојковиќ Босанац..
„Дали сте ви нормални? Момче извини, но зошто гласаше ти Босанац?“, го праша Марија композиторот кој ретко дава гласови на кандидатите.
„Јас гласав од протест бидејќи овде со мене седат луѓе кои не слушаат. На пример, тие бараат да дадат глас бидејќи матрицата е тивка и не се слуша… Јас го повлекувам својот глас“, рече Босанац.
Пофални зборови за Марио имаше и Карлеуша која овој пат не можеше да гласа.
Марио со четирите гласа влезе во бараж, а потоа помина во третиот круг. Неговиот настап може да гледата од 01:05.
Текстот (Видео) Македонец го скара жирито во „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.