Дофеин, музичарот со македонско потекло кој живее во странство, деновиве ја промовира својата прва песна, „Мир“. Дофеин сака да пее, ама и да остане анонимен. Зад маската, која ќе биде негов заштитен, вели, не стои човек, туку идеја.
„Дофеин не мора да е маж. Дофеин може да е жена која има што да порача преку својата музика. Не сакав песната да ја врзе за едно лице, напротив, идејата е мојата музика, песната што ја промовирам сега и сите песни што ќе ги промовирам во иднина, да зборуваат сами за себе, да пренесат порака, да креираат енергија и емоции. Дофеин може да е секој од нас,“ вели тој.
Првата песна на Дофеин е македонско-англиска. Песната ја продуцијата Дулелуд, а зад синглот се потпишува Paragon Record Label. Песната од вчера е достапна на сите светски музички платформи, Spotify, iTunes и други.
Текстот (Видео) Македонец скриен зад маска промовира прва песна е превземен од Reporter.mk.