Дваесет и двегодишниот Мајкл Дамески, Македонец роден во Сиднеј, ќе танцува во финалето на светски познатото шоу World of Dance, чиј продуцент и член на жирито е Џенифер Лопез. Финалето ќе се одржи следната недела, а наградата за победникот на шоуто е еден милион долари.
„Ја видов целата форма на твоето танцување. Сите движења беа таму, ама нешто недостасуваше. И кога во последната секунда го направи движењето со рацете, со главата, тоа те одведе на врвот. И затоа сите застанаа на нозе да те поздрават кога заврши“, му рече Џенифер по настапот.
Мајкл е роден во Австралија, а неговите родители се по потекло од Прилеп. Тој пред десет години, во 2008 година, пеел на детскиот фестивал „Златно славејче“ со песната „Еден танц“.
Текстот (Видео) Македонец во финалето на шоуто за танцување на Џенифер Лопез е превземен од Reporter.mk.