Во вчерашното издание на „Ѕвездите на Гранд“ пееше Мими Јовановска од Велес. Откако ги испеа „Ако згрешам нека изгорам“, верзијата што ја пее Каролина Гочева и „Животе моје“ од Уснија Реџепова, цело жири стана на нозе и почна да ѝ аплаудира. Ментор на Мими е продукцијата, односно пејачот Џенан Лончаревиќ, кој за неа ги избрал двете песни.
„Јас ја слушнав на пробата. Втората песна од Уснија никогаш не ја слушнала, а слушнавте како отпеа,“ рече Бекута откако Мими доби шест гласа и се пласираше во третиот круг од шоуто.
Прв ѝ даде глас Ѓорѓе Давид, кој на останатите членови на жирито им прокоментира: „Вака се пее од А до Ш“. „Пееше како швајцарски часовник, оној најскапиот,“ додаде Марија, а Босанац не штедеше комплименти: „Не беше добра, беше феноменална. Уби со својот глас, браво душо“.
Настапот на Мими почнува на 50:31.
Текстот (Видео) Македонка растури во „Гранд“, цело жири стана да ѝ аплаудира е превземен од Reporter.mk.