Емилија Марковиќ од Скопје имаше одличен настап во последната емисија од шоуто „Никогаш не е доцна“. 43-годишната Емилија ја испеа „Море сокол пие“ и откри дека ѝ се исполнил еден од најголемите сонови, да пее на голема сцена. Таа доби пофалба од жирито, и за пеењето и за изгледот.
„Никој не дошол од Македонија, а да не знае да пее. Браво за вас“, ѝ рече Џенан Лончаревиќ, кој беше во жирито.
Во жирито беше и водителката на ТЛЗП Марија Килибарда. Таа ја пофали Емилија, но ѝ рече и дека е воодушевена од нејзината придружба.
„Ема, сакам да ви кажам дека имате прекрасна поддршка. Јас од време на време погледнував во сопругот и децата и од нив најверојатно добивате енергија. Изгледате многу елегантно, имате прекрасен стил и многу сте женствена. Бевте прекрасни, ви благодарам“, рече Марија.
Емилија не помина директно во следниот круг, но по онлајн гласовите и гласовите на „Фејсбук“, публиката одлучи таа да се натпреварува и во вториот круг.
Настапот на Емилија погледнето го на 23:04.
Текстот (Видео) Македонка воодушеви со настапот во „Никогаш не е доцна“ е превземен од Reporter.mk.