Сања Тодоровиќ од Скопје се пласира во вториот круг од „Ѕвездите на Гранд“, а пеење ќе учи од Ѓорѓе Давид, новиот член на жирито на популарното музичко шоу. 19-годишната Сања во првиот круг ги испеа песните „Грам емоција“ од „Министарке“ и „Битагна и принцеза“ од Јелена Томашевиќ.
Сања доби гласови од Ана Бекута и Ѓорѓе Давид, кои сакаа да бидат нејзини ментори за понатаму. Според новите правила на „Ѕвездите на Гранд“, секој пејач ќе има свој учител за пеење, со кој ќе ги усовршува техниките и песните пред секој настап.
Иако Јелена Карлеуша не ѝ даде „да“, го пофали нејзиното пеење.
„Ти имаш огромен потенцијал“, ѝ рече фолк-пејачката. Таа додаде дека е воодушевена што Сања е Македонка, а пее одлично на српски јазик.
Настапот на Сања почнува на 57:07 во видеото.
Текстот (Видео) Македонката Сања ќе учи пеење од Ѓорѓе Давид е превземен од Reporter.mk.