На филмскиот фестивал во Берлин денеска се одржа проекцијата на филмот „Господ постои, името и’ e Петрунија“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска, а подоцна прес конференција одржа екипата на македонскиот филм.
Според фотографиите и видеата кои може да се видат на социјалните мрежи, забележлив е големиот интерес за приказната и за начинот на кој се снимал филмот, за идејата…од полната сала за прес конференции, и бројните новинарски прашања.
Присутните во еден момент со голем аплауз ја поздравија екипата на македонскиот филм на „Берлиенале“.
Gepostet von Ana Vasilevska am Sonntag, 10. Februar 2019
Текстот (Видео) Македонскиот филм на Теона Митевска со силен аплауз во Берлин е превземен од Reporter.mk.