Колумбискиот пејач Малума плачеше од среќа откако на радио ја слушна песната Medellin, што ја сними заедно со поп-кралицата Мадона. Неговата емотивна реакција стана хит на социјалните мрежи. „Неговите солзи кажуваат се. Не можеш да ја одглумиш оваа среќа“, се дел од коментарите.
Уште кога ја најави соработката со Мадона, Малума неколку пати рече дека му се исполнил детскиот сон и дека е најсреќниот човек на светот.
Реакциите за песната, пак, се поделени. Некои велат дека е одлична, на други не им се допаѓа новиот стил на Мадона.
Текстот (Видео) Малума плачеше од среќа откако сними песна со Мадона е превземен од Reporter.mk.