Манекенката Зара Абид загинала во авионска несреќа во Пакистан, пренесуваат странските медиуми. Како што пишува The Express Tribune, авион од пакистанската авиокомпанија PIA, Airbus A320, со 99 патници и осум членови од екипажот, се срушил во близина на населеното подрачје во пакистанскиот град Карачи.
The Express Tribune пишува дека меѓу патниците наводно била и манекенката Зара Абид, а дека во несреќата имало само тројца преживеани.
„На списокот на преживеани се наоѓаат три лица. Директорот на банката „Пунјаб“, уште еден маж по име Зубаир кој се наоѓа во цивилна болница во Карачи, а третиот преживеан е жена по име Тахира, која во моментов е хоспитализирана во CMH“, изјавила портпаролката на министерството Мирен Јоусуф за The Express Tribunе.
И додека многумина се опростуваат од манекенката на социјалните мрежи, сепак нејзиниот близок пријател Икрам Гохар вели дека таа е преживеана, пренесува Aaj News.
„Зара е жива. Таа е со нас. Ве молам, молете се за неа“, напишал тој на социјалните мрежи.
Гохар објавил информации различни од оние на владата. Според пакистанските медиуми, Зара се враќала од погребот на нејзиниот чичко.
A passenger of another flight coming to #Karachi filmed #planecrash pic.twitter.com/fJE3d9NCbD
— Muhammad Yousuf (@muhammadbySky) May 22, 2020
PIA A320 bounded from Lahore to Karachi reg No. AP-BLD (Alpha Papa-Bravo Lima Delta) has been crashed due to landing gear failure near Karachi Airport #PIACrash #planecrash #PK8303 pic.twitter.com/7wj5ZCWDA9
— Asif Ansari (@AsifAnsri0369) May 22, 2020
crash damaged cars and houses parked on the street.#planecrash pic.twitter.com/xvvYFVY8Vs
— Hamid Mandokhail (@HamidMandokhail) May 22, 2020
Текстот (Видео) Манекенката Зара Абид загина во авионска несреќа во Пакистан е превземен од Reporter.mk.