Инспирирана од светската ѕвезда Селена Гомез, пејачка Мартија Станојковиќ сними спот за песната „За сите нас“. Новото видео на Мартија потсетува на спотот на Селена за песната Wolves, искоментираа неколку нејзини фанови. Најновата песна на Мартија е дело на Марко Маринковиќ – Слаткар и Иван Јованов.
Мартија ѝ стана позната на македонската публика со учеството во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“. Таа пред две години ја претставуваше Македонија на „Јуниор евровизија“.
Текстот (Видео) Мартија ја ископира Селена Гомез е превземен од Reporter.mk.