Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов го пречека единственото прваче во село Маврово. Игор сподели видео на социјалните мрежи, од вчерашниот прв училишен ден на првачето Матеј, кој пристгна со родителите, додека наставничката со ѕвонче звонеше и го чекаше на вратата од школото на првиот школски час. Џамбазов ја пренесе атмосферата од село Маврово, прилично емотивна, каде што во основното училиште „Денче Дејаноски“ годинава се запиша само едно прваче.
Игор Џамбазов во посета на првиот школски час во Основното училиште "Денче Дејаноски" во село Маврово.#Вдахновениот
Gepostet von Прикаски За Мали Деца am Montag, 3. September 2018
Текстот (Видео) Матеј остана сам во училницата е превземен од Reporter.mk.