(Видео) Меланија проговори за аферите на Доналд Трамп

Американската прва дама Меланија Трамп изјави дека не се занимава со шпекулации за наводните неверства на сопругот Доналд Трамп.

Во интервјуто за мрежата Еј-Би-Си, Меланија беше запрашана за вонбрачните авантури на Трамп, а првата дама одговори дека тоа не е предмет за грижа.

„Јас сум мајка и прва дама, имам право на многу важни работи за кои размислувам“, изјавила таа.

Дисректна, сопругата на темпераментниот милијардер досега се немаше огласено за наводната врска на Трамп со порно актерката Стефани Клифорд.

„Мелдиумите сакаат шпекулации. Не е секогаш пријатно да се молчи, но знам што е точно а што не“, изјавила Меланија Трамп.

На прашањто смета ли дека таа и Доналд имаат добар брак и дали го сака својот сопруг, првата дама одговорила.

„Да, ние сме добро. Тоа се шпекулации и трачеви на медиумите. Тие не ја говорат секогаш вистината“, изјавила Меланија и додала дека таа е многу силна жена, и знае кои и се приоритетите.

Првата дама која се држи подалеку од политичката сцена, го даде своето интервју за телевизиската мрежа на крајот од африканската турнеја, за време на нејзината посета на Гана, Малави, Кенија и Египет.

 

 

Текстот (Видео) Меланија проговори за аферите на Доналд Трамп е превземен од Reporter.mk.