Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, влезе како првата американска дама која летала со воен авион. Меланија Трамп за време на посетата во воздухопловната база „Ленгли Јустис“, во Вирџинија, леташе со воениот авион V-22 Ospri. Меланија за време на посетата во базата беше опкружена со војниците и децата.
FOX NEWS: Melania Trump makes first lady history with ride in Osprey pic.twitter.com/eIP3VufGfS
— wirenews (@wirenews4) December 13, 2018
Меланија неодамна даде интервју за телевизиската мрежа „Фокс њуз“, каде призна дека најтешкиот дел од работата на првата дама на САД е тоа што мора да се бори со опортунистите кои го користат нејзиното име и презиме за да напредуваат во кариерата. Таа ги спомна комичарите, новинарите, писателите и голем број на јавни личности.
„Проблемот е во тоа што тие ја пишуваат историјата. Но, тоа што го пишуваат не е вистина“, изјави Меланија за „Фокс њуз“.
Текстот (Видео) Меланија за прв пат леташе со воен авион е превземен од Reporter.mk.