Холивудскиот глумец Метју Меконахи се обиде да ги расположи пензионерите од еден старечки дом во Тексас. Тие се во карантин и на воопшто не им е дозволено да се движат, па глумецот со нив одигра неколку партии бинго преку социјалните мрежи. Тој беше и водител на бингото.
„Дали некогаш сте играле виртуелно бинго со Метју Меконахи?“, прашаа од старечкиот дом на нивниот фејсбук-профил.
На Меконахи му се придружи и сопругата Камила, како и мајка му Кеј и две од нивните три деца. Сите тие ги бодреа и ги скандираа броевите и имињата на победниците преку апликацијата „Зум“.
Не е првпат Метју да се вклучи во добротворни активности. Тој во јавноста е познат како голем филантроп.
Matthew McConaughey answered a social-media request from residents and team members from The Enclave at Round Rock Senior Living in Round Rock, Texas, to be their Bingo game host pic.twitter.com/NK1jKxRnI2
— Reuters (@Reuters) April 8, 2020
Текстот (Видео) Метју Меконахи ги забавува луѓето во старечки дом во Тексас е превземен од Reporter.mk.