Глумецот Метју Меконахи отвори инстаграм-профил. Тој објави видео за фановите и кажа дека е нервозен затоа што сега јавно ќе треба да ги споделува своите ставови и некои приватни работи кои досега ги чувал само за себе.
Меконахи неодамна го прослави својот педесетти роденден, а деновиве беше во посета на погодените од пожарите во Калифорнија. Глумецот се приклучи во хуманата акција и беше дел од подготовката на 800 оброци за пожарникарите кои го гаснеа пожарот.
Сè повеќе славни личности се приклучуваат и отвораат профили на социјалните мрежи. Неодамна свој профил отвори и колешката на Меконахи, Џенифер Анистон, која за кратко време ги освои симпатиите на милиони обожаватели.
Текстот (Видео) Метју Меконахи отвори „Инстаграм“ е превземен од Reporter.mk.