Во режија на глумецот Мето Јовановски, саксофонистот Јане Рафаиловски сними спот за песната „Сеќавања“. Оваа песна музичарот ја посвети на неговиот татко. Видеото е снимено на неколку локации низ Македонија, а освен Рафаиловски, во него се појавува Петар Ренџов и неколку млади актери од класата на Јовановски.
Музиката за „Сеќавања“ ја направи Рафаиловски, аранжманот е на Дамир Имери, гитарата ја отсвири Петар Ренџов, а видеото го изработи тимот на „Арт продукција“ и Дејан Георгиев.
Текстот (Видео) Мето Јовановски режираше спот на македонски саксофонист е превземен од Reporter.mk.