Фолк-пејачот Јордан Митев го промовира новиот спот за неговата најнова песна „Роден крај“. Митев е како комплетен автор, а видеото е снимено на неколку локации низ Македонија.
Големиот број ангажмани надвор од земјата го инспирираа да направи нова песна за родниот крај, вели пејачот. Во спотот се прикажани неколку кадри од природните убавини на земјата и Скопје.
„Ми се разбудија чувства и спомените од минатото. Најубаво ми кога сум во својата земја“, вели Митев, кој од неговите обожаватели доби пофални коментари.
Пејачот неодамна беше во работна посета на Милано, каде го сними спотот за неговата последна песна „За тебе“, а веднаш потоа замина за Австралија на едномесечна турнеја.
Текстот (Видео) „Ми недостига мојата земја“, Јордан Митев за спомените од минатото е превземен од Reporter.mk.