(Видео) „Ми стави писмо во џебот пред да умре“, актерот Вини Џонс за последните мигови со сопругата

Актерот и порнешен велшки фудбалер Вини Џонс во своето последно интервју за британски „Мирор“ зборуваше за загубата на сопругата Тања Џонс, која пред три месеци почина од рак на кожата. Вини вели дека сопругата му оставила честитка со писмо во џебот, во кое имало порака која го потсетува на неа и дека секогаш ја носи со себе.

„Секој ден ми се случуваше нешто убаво, а тоа е затоа што бев со тебе. Те сакам и засекогаш ќе те сакам, твоја Тања“, ја прочитал Вини пораката од сопругата која ја напишала пред смртта. Тој понатаму вели: „Секогаш кога ќе помислам на неа плачам како мало дете. Тешко ми е кога ќе помислам на нашите заеднички моменти. Постојано ѝ кажував дека ја сакам. Не знам како ќе го продолжам животот без неа“, вели Вини.

Поранешниот фудбалер читал многу книги за болеста со која се борела неговата сопруга. Тој сакал да дознае со што се соочува Тања и ги барал сите начини како да успеат во нивната заедничка борба против ракот.

„Не сакав, но морав. Тоа беше посилно од мене. Се разбудив една вечер и ја слушнав како кашла. Веднаш се јавив во итната помош. Тања речиси половина час се бореше за воздух“, раскажува актерот.

Вини вели дека во овие тешки моменти со него биле и нејзините родители и брат ѝ, како и ќерката од првиот брак на Тања.

„Постојано ѝ кажував колку ја сакам. Но, како минуваше времето таа стануваше сè потивка. Полека ја губеше битката со животот. Во еден момент престана да дише. Ја прашав медицинската сестра што се случува, а таа ми кажа само дека Тања почина. Не знам што ќе правам без неа“, вели Вини.

Вини купил гребно место до нејзиното и вели дека неговата желба е кога кога ќе почине, пепелот да го расфрлаат покрај неа.

Тања во минатото имала многу здравствени проблеми. На 21 година направила трансплантација на срце, а боледувала и од рак на грлото на матката.

Вини и Тања се венчале во 1994 година, а заветите ги обновиле во 2007 година.

Покрај фудбалската и актерска кариера, Вини ќе остане познат по неговите тепачки на теренот и во баровите и покрај тоа што неговата сопруга секогаш говорела за тоа колку е фин со неа и внимавал како се однесува.

 

Текстот (Видео) „Ми стави писмо во џебот пред да умре“, актерот Вини Џонс за последните мигови со сопругата е превземен од Reporter.mk.