Актерот Милош Биковиќ и популарниот пејач Момчило Бајагиќ – Бајага ја објавија заедничката песна „Дарја“. Оваа песна е направена за филмот „Хотел Београд“, откри Биковиќ.
„Песната е како знак за благодарност на нашата прекрасна актерка Дијана, која со својот талент и верба во овој потфат направи Белград и Србија да блескаат во нов сјај под филмските рефлектори. Среќен сум што пеам заедно со Бајага. Пораснав со твоите песни. Чест ми е што сум со тебе, легендо“, вели Милош.
Инаку, популарниот српски глумец ја има главната улога во филмот „Хотел Београд“, кој од 10 март ќе игра во кината во Србија и Русија. Тој во момент е актуелен со рускиот филм „Слуга“, кој се прикажува и кај нас во „Синеплекс“.
Текстот (Видео) Милош Биковиќ и Бајага пеат за љубовта на Дарја е превземен од Reporter.mk.