Поранешната партнерка на британскиот пејач Реџиналд Кенет Двајт, Линда Ханон отворено зборува за нивниот заеднички живот и како пејачот денеска познат под името Елтон Џон и ја оставил пред олтарот. Ханон вели дека и покрај нанесениот срам, таа му има простено и дека е среќна што тој успеал да ја најде вистинската љубов.
Линда вели дека во тоа време таа не знаела дека Џон се борел со својата сексуалност. Таа сега е разведена мајка на три возрасни деца и живее во Тексас. Линда вели дека венчавката ја испланирана од самиот почеток, целата церемонија и изборот на торта, но Елтон Џон ја оставил на најлош можен начин.
Од тогаш никогаш повеќе не се слушнале повторно. Ханон самата ги набавила прстениците, затоа што Џон во тоа време немал пари.
„Реџиналд Кенет Двајт таа 1970 година пристигна дома пијан и ме разбуди. Ми рече дека не може да се ожени со мене, затоа што музичката кариера му била на прво место“, вели Ханон за британски „Сан“.
„Со секој минат ден, тој стануваше се полош, а јас не знаев што му минува во главата. Не знаев дека се бори со својата сексуалност. Но и покрај сè, целиот тој срам и сите тие насловни страни со моето лице и насловите дека ме остави пред олтарот, јас денеска сум среќна што тој ја пронајде вистинската љубов“, вели Ханон.
Елтон Џон неколку месеци пред да се прослави, двајца мажи го убедиле дека неговиот живот и кариера ќе бидат завршени ако тој се ожени. Тоа наводно го инспирирало и да ја напише песната Someone Saved My Life Tonight.
Сето тоа излегува на виделина на промоцијата на филмот Rocketmanм, каде е опишан животот на Елтон Џон. Ликот го глуми Тарон Егертон, а епизодата со венчавката со Линда била избришана.
„Никогаш ниту еден продуцент ме нема контактирано“, веи Ханон во филмот за филмот за поранешниот вереник.
Таа вели дека би сакала да се види повторно со Елтон Џон, за да му раскаже за своите деца и внуци.
Текстот (Видео) Му простила на Елтон Џон затоа што ја оставил пред олтарот е превземен од Reporter.mk.