Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоквоиќ не може да влезе во Црна Гора поради забраната која земјата ја воведе поради пандемијата со коронавирусот. Тенисерот планираше во Црна Гора да го одржи тенискиот турнир „Адриа тур“, но поради забраната за влез, одржувањето на истиот е доведен во прашање.
По тој повод се огласи и амбасадорот на Црна Гора во Србија, Тарзан Молошевиќ, кој зборуваше за евентуалната забрана за влез на српскиот тенисер во неговата земја.
„Не разговарав со него на таа тема. Само имав краток разговор со неговиот чичко за подготовките на турнирот. Немам никакви информации дека на Ѓоковиќ му е забрането да влезе во Црна Гора. Мислам дека доаѓањето на Ѓоковиќ е добра промоција за Црна Гора и нејзиниот туризам. Новак се венчаше на „Свети Стефан“ и тој е човек кој има потекло од Црна Гора“, изјавил Милошевиќ.
Текстот (Видео) На Ѓоковиќ не му дозволуваат влез во Црна Гора е превземен од Reporter.mk.