Меган Маркл според пишувањата на британските медиуми, на својата прва венчавка на своите пријатели и гости им делела марихуана. Ова го открива британски „Сан“, кој пишува дека ги открил мејловите на кои војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, се пофалила меѓу своите пријатели за моментите од нејзината венчавка.
Британски „Сан“, кој дошол во посед на мејловите вели дека нашол информации за тоа како Меган ја подготвувала марихуаната за венчавката со Тревор Енгелсон на Јамајка. Кога пријателите ја советувале да купи посебни вреќички за тревата, таа им одговорила дека веќе ги имала нарачано и дека биле премали за трева.
37 годишната поранешна американска актерка ги опишала малите вреќички од муслин. Извори за „Дејли мејл“ пак тврдат дека Меган дури им помогнала на гостите околу проблемот со мотањето.
Во вреќичките дури Меган им додала филтери. Таа и поранешниот сопруг, марихуаната наводно ја купиле од работник во хотел во кој се отселиле, а се венчале на Јамајка во септември 2011 година.
Нивниот брак траел само две години. Претходно и нејзиниот татко Томас Маркл открил дека на венчавката добиле пакетчиња марихуана. Томас изјавил дека не пуши трева и дека своето пакетче го имал подарено на некого, а колку што му било познато, вели дека ѝ Меган не пушела.
Текстот (Видео) На првата венчавка Меган делела дрога меѓу гостите е превземен од Reporter.mk.