Топ моделот Наоми Кембел вчера во Лондон организираше добротворна модна ревија и беше најголема ѕвезда на ревијата. Средствата собрани од настанот ќе бидат донирани за развој на млади и лица во незавидна положба. Ревијата се одржа во британскиот музеј, а настанот беше организиран од фондацијата на Наоми.
Британскиот модел веќе организираше неколку слични настани за да им помогне на жртвите од ураганот „Катрина“, како и по разорните земјотреси во Јапонија и Хаити.
Текстот (Видео) Наоми Кембел ѕвезда на добротворна ревија во Лондон е превземен од Reporter.mk.