Објавен е првиот трејлер за музичката драма „Vox Lux“ во која оскаровката Натали Портман толкува улога на поп икона. Филмот беше премиерно прикажан минатиот месец на Филмскиот фестивал во Венеција каде ја освои публиката. Дејството се одвива околу 31-годишната Селест чија кариера е исполнета со скандали. Таа преживува траума во детството кога се случува пукање во нејзиното училиште. Откако ќе пее на комеморацијата на жртвите од пукањето, станува светски популарна.
Филмот содржи песни од Сиа и музика на Скот Волкер. Покрај Натали, во останатите улоги се појавуваат Џуд Ло, Кристофер Ебот, Вилем Дефо, Стејси Мартин и други.
Премиерата е закажана за 7 декември.
Текстот (Видео) Натали Портман стана поп ѕвезда, објавен првиот трејлер е превземен од Reporter.mk.