По пауза од пет години, поп-пејачката Наталија Славева ја сними баладата „Штом љубовта исчезне“. За песната таа сними и спот, а го промовираше преку „Јутјуб“.
„Оваа песна ја испеав на годинашниот ‘Макфест’. Музиката за оваа тажна љубовна приказна ја компонираше Томислав Коцевски, текстот го напиша Огнен Неделковски и аранжманот е на Дејан Миленковски. Видеото го снимавме во винаријата Камник, во режија на ‘Фабрика продукција’. Искрено, уживав и мило ми е што ѝ се вратив на музиката. Ветувам, ќе бидам поактивна отсега“, рече за „Репортер“ Наталија.
Наталија последниве години настапуваше во кафулиња и во клубови во земјава. Таа неодамна ја препеа и макфестовската песна „Свирете ја зајди зајди“, а наскоро ќе промовира уште една нова песна.
(А.Ј)
Текстот (Видео) Наталија Славева со тажна љубовна приказна е превземен од Reporter.mk.