(Видео) Наум на пиење до зори

Наум Петрески сними нова песна која која носи наслов „До зори“. И овој пат инспирација за песната се кафеаните и дружењето со пријателите кои долги години се секојдневие во животот на фолк пејачот. Текстот и музиката за песната ги напиша Блаже Темелков,а аранжманот е на Дарко Тасев. Песната е снимена во студиото Анастасија.

Наум Петрески го придружува и блех оркестарот „Уса кан“ кои се добитници на златна труба на интернационалниот трубачки фестивал во Гуча. Песната е во продукција на „Аворд“ .

Промоцијата на новата песна се совпаѓа со заминувањето на Наум на двомесечна турнеја во Австралија на која Наум ќе одржи концерти во повеќе градови во организација на социјалното друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн.

Текстот (Видео) Наум на пиење до зори е превземен од Reporter.mk.