За разлика од големиот број НБА ѕвезди кои летниот одмор го користат да заминат на некои тропски краишта, центарот на Филаделфија, Бобан Марјановиќ, го посети својот родниот град Бољевац.
Србинот по долгата и напорна сезона во НБА лигата, со неговата сопруга се врати во својата земја, од каде објави фотографии на социјалните мрежи, заедно со нивните пријатели.
Марјановиќ се пофали со фотографии на кои е вози трактор во друштво со сопругата Милица и пријателите. Центарот вели дека уживал во секој момент минат во местото каде израснал, а под фотографиите кошаркарот доби голем број лајкови и пофални коментари.
По одморот во Бољевац, Марјановиќ го чекаат репрезентативни настапи. Центарот од 221 сантиметри ќе настапи на Мундијалот во Кина. Марјановиќ во НБА лигата заработува 7 милиони долари по сезона.
Текстот (Видео) НБА ѕвездата Бобан Марјановиќ вози трактор е превземен од Reporter.mk.