(Видео)Некст Тајм ја промовираа „Јовка кумановка“

Дуото Некст Тајм во чест на 500-годишнината од постоењето на Куманово ја преработи песната „Јовка Кумановка“, а  беше промовиран и спотот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Станува збор за уште една преработка на стара македонска песна. Овој пат изборот падна на „Прошета се Јовка кумановка“, со поинаков аранжман.

Меѓу нивните последни музички проекти, Некст Тајм преработија неколку стари македонски традиционлани песни како „Нешто ќе те питам бабо“, „Слушам кај шумат шумите“ и „Ја излези Ѓурѓо“.

Текстот (Видео)Некст Тајм ја промовираа „Јовка кумановка“ е превземен од Reporter.mk.